Мајката на Нејмар, Надин, вчера призна дека е во врска со 22-годишниот Тиаго Рамос, момче кое е шест години помладо од нејзиниот славен син Нејмар. Фудбалерот, наводно, ја благословил врската на неговата мајка со Рамос, а 52-годишната Надин и 22-годишното момче, наводно, се многу среќни.
Приказната за љубовта меѓу мајката на Нејмар и Тиаго ги поттикнаа британските медиуми да го истражат неговото минато па дознале дека младиот Тиаго пред Надин бил во врска со неколку богати мажи, вклучувајќи го и личниот готвач на Нејмар, Мауро.
Британските медиуми исто така пишуваат дека Тиаго бил во врска и со бразилскиот актер Карлинос Маја, како и со богатиот бизнисмен Ириналдо Оливера, кој, наводно, импотврдил на бразилските медиуми дека бил во едногодишна љубовна врска со 22-годишниот Тиаго.
– Знаев дека тој се гледа и со жени, но никогаш не го видов со некоја – рекол бизнисменот, кој тврди дека Тиаго живеел како принц додека бил во врска со него.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин