219 ЗЕМЈОТРЕСИ РЕГИСТРИРАНИ ЗА ЕДЕН ДЕН ВО ЕЛ САЛВАДОР Оштетени се 130 згради, но нема повредени луѓе
Нема информации за загинати, но потресите оштетија домови и предизвикаа најмалку 20 свлечишта, поради што властите издадоа црвен аларм за градовите во епицентарот на сеизмичката активност.
Најмалку 130 станбени згради се оштетени во силната сеизмичка активност во Ел Салвадор, предизвикани се свлечишта, а повеќе луѓе се евакуирани во засолништа, соопштија властите на оваа централноамериканска земја.
Како што се наведува во соопштението, од неделата попладне до понеделник наутро се регистрирани 219 земјотреси, а најсилниот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од девет километри, во општината Сан Лоренцо.
Нема информации за загинати, но потресите оштетија домови и предизвикаа најмалку 20 свлечишта, поради што властите издадоа црвен аларм за градовите во епицентарот на сеизмичката активност.