21 ЗАБОЛЕН, 2 ПОЧИНАТИ Во 11 града нема заболени од ковид

Направени се 773 тестови, а регистрираните случаи се во Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид по 2, Штип, Кичево и Делчево по 1.

687

Дваесет и еден заболен од ковид-19 е регистриран во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.

Направени се 773 тестови, а регистрираните случаи се во Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид по 2, Штип, Кичево и Делчево по 1.






Од вкупниот број позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции.

Регистриран e 71 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (66) и Штип (80), во домашни услови, во периодот од 29.04.-01.05.2022 година.

Досега во земјата се дијагностицирани 309.790 лица, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572. Во Скопје има 280 активни случаи, додека во 11 града нема ниту еден заболен.

Поврзани содржини