21 починат и 1.406 новозаболени од ковид-19

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, на починати е 1.397, а бројот на активни случаи изнесува 19.035

883

Во последните 24 часа се направени 3.398 тестирања, а регистрирани се 1.406 нови случаи на ковид-19. Починати се 21 лице и регистрира 937 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се регистрирани 627, Куманово 73,  Дебар 1, Штип 37, Прилеп 98, Тетово 72, Струга-17, Велес 55, Битола 51, Охрид 57, Кавадарци 40, Гостивар 84, Гевгелија 11, Струмица 30, Крива Паланка 10, Радовиш 9, Крушево 8, Кочани 34, Пробиштип 4, Демир Хисар 2, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 2,  Валандово 8, Виница 20, Делчево 6, Кратово 2,  Свети Николе 11, Кичево 10, Ресен 13, Неготино 11.






Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 937 оздравени пациенти од: Скопје 398, Куманов 50, Деба 8, Штип 21, Прилеп 28, Тетово 41, Струга 18, Велес 38, Битола 28, Охрид 44, Кавадарци 29, Гостивар 23, Гевгелија 12,  Струмица 59, Крива Паланка 8, Радовиш 9, Крушево 2, Кочани 19, Пробиштип 8, Демир Хисар 6, Пехчево 1, Берово 4, Валандово 9, Виница 8, Делчево 17, Кратово 2, Свети Николе 15, Кичево 18, Ресен 4, Неготино 10.

Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74г), тројца од Штип (84, 70 и 62г), тројца од Прилеп (51, 40 и 55г), еден пациент од Струга (64г), четири од Битола (77, 77, 79 и 74г), еден од Гостивар (72г), еден од Радовиш (70г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Берово (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50.015, бројката на оздравени пациенти е 29.583, на починати е 1.397, а бројот на активни случаи изнесува 19.035.

Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 21.984, активни 9.059, Куманово 3.231, активни 925, Дебар 420, активни 89, Штип 2.250, активни 493, Прилеп 2.325, активни 959, Тетово 3.295, активни 1.024, Струга 1.146, активни 318, Велес 1.551, активни 769, Битола 1.489, активни 738, Охрид 1.255, активни 536, Кавадарци 950, активни 414, Гостивар 1.894, активни 638, Гевгелија 594, активни 215 (34 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 1.420, активни 580, Крива Паланка 355, активни 112, Радовиш 359, активни 121, Крушево 82, активни 49, Кочани 1.068, активни 313, Пробиштип 300, активни 79, Демир Хисар 154, активни 63, Македонски Брод 133, активни 27, Пехчево 88, активни 26, Берово 287, активни 68, Валандово 151, активни 44, Виница 311, активни 149, Делчево 363, активни 161 (91 лицае од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 130, активни 72, Свети Николе 686, активни 200, Кичево 991, активни 410, Ресен 365, активни 137, Неготино 388, активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 3.398 теста се преку: ИЈЗ 1.194, ЦЈЗ Скопје 101, Авицена 400, Биотек 287, МАНУ  305, Жан Митрев 229, Систина со PCR метода  257, лабораторија Лаор 41, Судска медицина 11, ЦЈЗ Битола 65, Инфективна клиника 5, ГАК 0, Синлаб 51, Ремедика 21, лабораторија болница Козле 19, ЈЗУ (рапид тест)  409, УК Пулмологија со алергологија  3, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 300.200 тестирања на ковид -19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје), Чаир  565, Гази Баба  1.323, Аеродром  1.318, Карпош 1.160,  Центар  1.105, Кисела Вода  1.109, Ѓорче Петров  742, Бутел  477, Шуто Оризари  153, Студеничани 41, Сарај 129, Арачиново 32, Илинден  226, Сопиште  61, Чучер Сандево  101, Петровец 111, Зелениково 60, Странец 160, Нераспределен 184.

 

Поврзани содржини