21-ГОДИШНИОТ МАНЕКЕН МАРТИН Е ЗАГИНАТИОТ ВО ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЛГРАД Бомбата ја активирал со несмасно ракување

Српските медиуми пишуваат дека македонскиот државјанин Мартин С. (21), кој загина на 1 октомври, немал криминално досие, а бомбата му ја предал Филип В. (26) на 30 септември во центарот на Белград.

1,809

Српските истражни органи утрврдија дека Мартин С. (21) од Македонија е загинатиот во страотната експлозија што се случи на 1 октомври во стан во центарот на Белград, објави српскиот портал Курир.

Медиумот пишува дека македонскиот државјанин Мартин С. (21) немал криминално досие.






– Утврден е идентитетот на жртвата во експлозијата на улица Косовска. Станува збор за македонскиот државјанин Мартин С. (21), кој наводно бил модел во Македонија – потврдил изворот на Курир.

Првичните информации на српските медиуми беа дека Македонецот подготвувал експлозина направа во изнајмен стан на Косовска улица, која била наменета за ликвдација на човек со криминално досие, наводно на дилер со дрога, кој е поврзан и со навивачки групи. Најновите информации се дека загинатиот не ја подготвувал бомбата, туку дека му ја дал извесен Филип В. (26), кој по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград е уапсен под сомнение дека му ја предал бомбата на манекенот од Македонија еден ден пред експлозијата. Се претпоставува дека направата експлодирала поради неспретно ракување од страна на загинатиот Мартин С.

Филип В. беше уапсен под сомнение дека на неидентификуван државјанин на Македонија му го дал експлозивот „пентрит“, кој несмасно го активирал во стан на улицата Косовска. Медиумите пишуваат дела „пентритот“ е експлозив со исклучително висока разорна моќ, лесен е за обликување, поради што лесно се крие при шверцување преку граница, а детекторот за метал не може да го регистрира, бидејќи нема метални струготини.

„Филип В. (26) бил испрашуван во Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение дека на 30 септември нелегално го стекнал, а потоа го носел експлозивот „пентрит“ и го предал на државјанин на Северна Македонија, истиот ден на аголот на улиците Косовска и Нушиќева. Државјанинот на Македонија го активирал експлозивот следниот ден, на 1 октомври, околу 21.45 часот и загина на лице место“, пишува Курур.

Осомничениот се товари за кривичното дело Нелегално производство, поседување, носење и тргување со оружје и експлозивни материи. Одредена му е мерка притвор.

Соговорник на Курур вели дека „пентрит“ бил користен во минатото при ликвидацијата на Страхиња Стојановиќ на 13 септември 2020 година во Нов Белград. На Стојановиќ му билпоставен тој експлозив под неговиот џип, а убиецот, кој до денес не е уапсен, го активирал со мобилен телефон.

Фото: Принтскрин

 

Во станот на улицата Косовска, што загинатиот го изнајмол на еден ден, истрагата пронашла шифрирани телефони. Истражителите сè уште работат на нивното целосно дешифрирање, но веќе се пронајдени некои докази, односно  сомнеж дека експлозивната направа ја подготвила група поврзана со кланот Кавач. Прекарот што беше откриен во шифрираните телефони им е познат на истражителите, односно личноста е поврзана со организација на убиството на Никола Станковиќ Пивце, како и со некои други ликвидации, открива изворот на Курир. Никола Станковиќ Пивце беше убиен во декември минатата година додека спиел во својот дом. Напаѓачите упаднале во куќата и го застрелале додека спиел во кревет со својата бремена свршеница.

Поради силината на експлозијата, преградните ѕидови во станот се урнаа, прозорците и гредите се искршија на на улицата под станот неколку авѕомобили беа оштетени.

 

МАКЕДОНЕЦ ЗАГИНА ПРАВЕЈЌИ БОМБА ВО БЕЛГРАД Сакал да ликвидира дилер на дрога

Поврзани содржини