📷 21-ГОДИШНИОТ ДАВИД ДАМЈАНОВСКИ Е СРЕЌЛИЈАТА ОД ТЕТОВО Крстот беше положен во црковниот базен

По втор пат скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам Господ да дарува здравје, љубов и бериќет оваа година - истакна Давид Дамјановски.

136

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм „Свети Кирил и Методиј“ осветениот крст во црковниот базен го фати 21-годишниот Давид Дамјановски.

Претходно, архиерејската литургијата, чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф.






– По втор пат скокам по осветениот крст и за прв пат успеав да го фатам. Посакувам Господ да дарува здравје, љубов и бериќет оваа година – истакна Давид Дамјановски.

По осветениот крст скокаа и 24-годишниот Давид Ристовски и 23-годишниот Наден Ристовски, сите тројца од населбата Два бреста во Тетово.

Поврзани содржини