208.000 НОВОЗАРАЗЕНИ ЗА 24 ЧАСА ВО ФРАНЦИЈА Нови црни рекорди низ цела Европа

Ова значи дека 24 часа на ден, ден и ноќ, секоја секунда во нашата земја, двајца Французи се дијагностицираат позитивни на коронавирус, рече францускиот министер за здравство.

1,166

Нов национален и европски црн рекорд во заразени со коронавирусот за едно деноноќие сруши Франција, со рекордни 208.000 случаи, што е повеќе од речиси 180.000 случаи од вчера. Бројките се големи во многу европски земји, а тоа, според Свестската здравствена организација се должи на заедничкото ширење на новиот омикрон-сој и делта-сојот.

– Ова значи дека 24 часа на ден, ден и ноќ, секоја секунда во нашата земја, двајца Французи се дијагностицираат позитивни на коронавирус – рече францускиот министер за здравство, Оливие Веран и додаде:






– Никогаш не сме доживеале таква ситуација – рече тој, нарекувајќи го зголемувањето „вртоглаво“.

Обединетото Кралство, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Грција објавија нови рекорди оваа недела, додека надвор од Европа, просечниот седумдневен просек на нови случаи во САД достигна највисоко ниво од 267.000 во вторникот, при што омикрон-сојот сочинува 59 отсто од нив.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, д-р Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека е „многу загрижен што омикрон-сојот, кој се шири истовремено со делта-сојот, води до цунами случаи“. Од СЗО рекоа дека омикрон претставува „многу висок“ ризик и може да ги потопи здравствените системи.

Соседна Грција забележа нов дневен рекорд од 28.828 случаи, што е за 7.000 повеќе од бројката во вторникот. Тоа ги натера грчките власти да ги забранат божикните и новогодишните прослави на јавни места, а во средата воведе нови ограничувања во угостителскиот сектор, со што порано почнаа мерките планирани за почетокот на јануари. откако властите објавија нов дневен

Во Италија, регионалните лидери, исто така, ја повикаа владата да го намали периодот на изолација за луѓето кои примиле три вакцини. Властите објавија уште еден нов рекорден дневен извештај од 98,030 случаи во средата.

Полска објави 794 смртни случаи поврзани со ковид во средата, што е најголем број во четвртиот бран на пандемијата. Полскиот заменик-министер за здравство, Валдемар Краска, рече дека повеќе од 75 отсто од починатите биле невакцинирани.

Поврзани содржини