2020 година беше тешка, но искрена

991

Пошто видовме дека календарот е произволен концепт и 2020 не ни е крива за ништо, би го изнел само следното во нејзина одбрана.

Беше тешка, но искрена.






Нè потсети како ја уништуваме природата и живиот свет, дека немаме мерка, ни осет, колку трошиме и колку уништуваме.

Нė потсети на важните нешта.

На луѓето кои работат важни работи, а малку заработуваат.

На јавните добра и услуги, како пример здравството и социјалата, науката и образованието, кои 30 години ги рушиме и запоставуваме.

На важните луѓе околу нас, кои не можевме доволно да ги видиме.

На тоа колку е важно, кога веќе имаш Држава, таа држава да биде спастрена и чувана, унапредувана и згрижена, и од граѓаните и од политиката.

Така што, многумина побрзаа да ја испратат, исплукаат, опцујат годината што измина, кога во реалноста, треба добро да ја запаметиме и да извлечеме поуки.

За добро или за лошо, ќе имаме шанса да се потсетиме на тешките лекции и во оваа 2021.

(ФБ статус на авторот)

 

Поврзани содржини