200 СТУДЕНТИ УШТЕ ЧЕКААТ НА ЛИСТА ЗА СТУДЕНТСКИ ДОМ Од утре почнува новата академска година
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека на ден пред почетокот на новиот семестар, тие немаат добиено никаква информација за тоа дали воопшто се примени во еден од студентските домови или пак во кој студентски дом ќе бидат сместени.
На само ден пред почетокот на академската година, над 200 студенти од цела Македонија, се уште се наоѓаат на фамозната листа на чекање, а притоа немаат добиено никаква информација за тоа дали воопшто се примени во еден од студентските домови или пак во кој студентски дом ќе бидат сместени, реагираше денеска Илија Ристески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– Сето ова е резултат на неспособните партиски кадри на социјалдемократската младина, кои во моментот се кријат и не даваат никакви одговори во однос на овие прашања, бидејќи за нив студентите и младите се секогаш на последното место во приоритетите. Овие пропаднати и некадарни поединци, се уште не даваат никаков одговор околу тоа дали студентите, во 21 век и 2023 година, воопшто ќе имаат обезбеден доручек за кој самите плаќаат при престојот во студентските домови – рече Ристевски