200 слободни кревети има во ковид-центрите во болниците во земјава
Во последното деноноќие, пак во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1304 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството заздравство.
Во последното деноноќие, пак во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 12 во Кичево 10, Кавадарци 55, во Гевгелија 21 лице, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот “, информира МЗ.