📽️ 200.000 ВОЈНИЦИ НА ГОТОВС, ВЕНЕЦУЕЛА ГО АКТИВИРА ПЛАНОТ „НЕЗАВИСНОСТ 200“ Воена вежба како одговор на акциите на Трамп

Распоредувањето се совпадна со пристигнувањето на најголемиот носач на авиони во светот, „УСС Џералд Р. Форд“, во зоната на Јужната команда на САД.

397

Венецуелската армија излезе на терен и распореди 200.000 војници низ земјата во масовна воена вежба што власта ја нарече „контрамерка против американската закана“. Министерот за одбрана Владимир Падрино Лопез изјави дека акцијата е одговор на „суровиот напад врз мирот и суверенитетот“ на регионот, поради зголеменото присуство на американската морнарица во Карибите.

Притоа, Националното собрание донесе закон со кој се зајакнува одбранбената стратегија и контролата врз движењето на трупите. Претседателот на Собранието, Хорхе Родригез, објасни дека новиот акт „воспоставува рамка за заштита на државата и нејзиниот народ од надворешни провокации“.






Распоредувањето се совпадна со пристигнувањето на најголемиот носач на авиони во светот, „УСС Џералд Р. Форд“, во зоната на Јужната команда на САД. Американската морнарица потврди дека операцијата е насочена кон борба против трговијата со дрога, но во Каракас сметаат дека станува збор за „притаена закана“.

 

Според Падрино, во вежбата учествуваат сите гранки на армијата и милициските сили. Таа е дел од Планот „Независност 200“, одбранбена иницијатива што ја активирал претседателот Николас Мадуро во септември, како реакција на растечкото американско присуство покрај Јужна Америка.

Американската страна тврди дека нивните операции се насочени исклучиво кон спречување на нелегална трговија. Во последните месеци регистрирани се најмалку 19 воздушни напади врз бродови во меѓународни води, при кои, според официјални податоци, загинале 75 лица.

Мадуро пак изјави дека „САД водат војна против Венецуела за да го соборат легитимното раководство“, предупредувајќи дека секоја агресија ќе биде „строго одбиена“.

Поврзани содржини