🎥 20 ЗАГИНАТИ ВО УРИВАЊЕТО НА ТУРСКИОТ „СУПЕР ХЕРКУЛЕС“ Остатоци на воениот авион се распрснале на голема територија
Транспортниот авион C-130 полетал од Азербејџан и се урнал близу границата со Грузија; истражителите утрово пристигнаа на местото на несреќата.
Сите 20 војници и членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион што се урна вчера во Грузија загинале, соопшти денеска турскиот министер за одбрана.
Авинот C-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција, но се урнал во Грузија, во општината Сигнаги, близу азербејџанската граница. Турскиот министер за одбрана Јашар Гулер во објава на социјалната мрежа Икс соопшти дека „херојските соборци“ загинале на 11 ноември 2025 година, кога воениот транспортен авион C-130 се урнал во близина на грузиско-азербејџанската граница, објавувајќи и фотографии од загинатите.
Причината за несреќата се истражува. Турски тим за истражување на авионски несреќи утрово пристигнал на местото на падот и врши увид. Остатоците од авионот се расфрлани на многу голема површина, пренесе турската телевизија „Хабертурк“.
Вчера турската државна агенција „Анадолу“ го пренесе соопштението на грузиската управа за воздухопловство, во кое се наведува дека контактот со авионот бил изгубен неколку минути по неговото влегување во грузискиот воздушен простор, како и дека леталото не испратило сигнал за помош.
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и грузиската министерка за надворешни работи, Мака Бочоришвили, изразија сочувство.
На социјалните мрежи се појави потресно видео од паѓањето на авионот.
🚨 Shocking mid-air breakup of a Turkish Air Force C-130 Hercules (built 1968) en route from Azerbaijan to Turkey. Video shows a spiraling contrail as it disintegrated post-takeoff from Ganja Airport. With Turkey’s 19 aging C-130s averaging 45 years old, is poor maintenance the… pic.twitter.com/riEbCjaEQ7
— Fahad Naim (@Fahadnaimb) November 11, 2025