20 ВРАБОТЕНИ ВО ГЕРМАНСКАТА БОЛНИЦА „ШАРИТЕ“ ИМААТ КЈУ ТРЕСКА Бактеријата ја вдишале додека експериментирале на бремени кози

Кју треската е акутна инфективна болест предизвикана од бактеријата Coxiella burnetii. Тоа е многу заразна бактерија и се верува дека само еден вдишан микроорганизам може да предизвика инфекција.

444

Во познатата болница „Шарите“ во Берлин, 20 вработени добија кју треска, која е специфична за животните.

Како што е објавено, вработените се заразиле кон средината на јули, а контактот со бактеријата што предизвикува треска се случил за време на експериментот врз бремени кози.






Според германските медиуми, инфекцијата била откриена дури во август, кога пристигнале резултатите од обдукцијата на животното. Целиот случај веднаш бил пријавен до надлежните органи. Антитела се пронајдени само кај вработените и наводно не е забележано понатамошно ширење на инфекцијата.

Карстен Хејел од Институтот за инфективни болести објасни дека треската се пренесува во контакт со заразено животно. Исто како и со коронавирусот, патогените микроорганизми се пренесуваат преку воздух. Сепак, објаснува овој доктор, преносот од човек на човек е малку веројатно.

Хејел наведува дека симптомите се слични на грипот. Оние кои ја добиваат болеста имаат треска, силни главоболки, болки во мускулите и можни болки во градите.

Портпаролот на клиниката за медиумите изјави дека заразената коза пристигнала во „Шарите“ од фарма во Бранденбург. Не е познато какви истражувања се направени за тоа.

Кју треската е акутна инфективна болест предизвикана од бактеријата Coxiella burnetii. Тоа е многу заразна бактерија и се верува дека само еден вдишан микроорганизам може да предизвика инфекција.

Изворот на инфекција се заразени домашни животни, најчесто овци и крави. Оваа бактерија се размножува во плацентата и плодните мембрани на заразените животни, а за време на јагнење или породување, голема количина на патогенот се испушта во околината и се создава аеросол што секој присутен може да го вдише.

Поврзани содржини