20 СТИПЕНДИИ ГОДИШНО ЗА МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ ВО УНГАРИЈА Еве за кои студии ќе може да се аплицира

Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски студии и за докторски студии, како и за скратени студии од три до десет месеци за стекнување академски кредити. 

195

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Од Министерството за образование и наука денеска соопштија дека приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство.

Меморандумот за разбирање со кој се регулира соработката во рамките на Програмата Стипендиум Хунгарикум за периодот 2026–2028 година денеска го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.






Меморандумот предвидува студентите да добиваат платена школарина, сместување во студентски домови во кампусот на високообразовната институција или средства за покривање на трошоците за сместување, право на здравствени услуги, користење на бесплатни библиотечни услуги, како и месечен надоместок за покривање на основните трошоци.

– Министрите Јаневска и Сијарто се согласија дека потпишувањето на Меморандумот ги потврдува и ги јакне пријателските односи меѓу двете земји и ја унапредува соработката во областа на високото образование, во интерес на развој на општество базирано на знаење – се наведува во соопштението од Министерството.

Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски студии и за докторски студии, како и за скратени студии од три до десет месеци за стекнување академски кредити.

Поврзани содржини