20 ПРЕДВИДУВАЊА ЗА СВЕТОТ ВО 2030 ГОДИНА Еве ги технологиите кои ни се на дофат (ВИДЕО)
Да, ќе почнеме да принтаме човечки органи. Се смета дека за почеток ќе бидат принтани поедноставни органи за трансплантација, макар и мали крвни садови. Но, ова ќе ја промени медицината и нашите можности за преживување.
Машините веројатно ќе станат попаметни или исто толку паметни како луѓето во 2054 година, како што предвидува футурологот Реј Курцвајл, луѓето ќе живеат вечно, ќе правиме 3Д-принтови од нашите органи…да, но тоа е далеку. Би било супер ако некој анализира што ќе има за само неколку години, на пример, во 2030-тата.
Јутјуб-видео од „Future Business Теch“ го прави токму ова и верувале или не, овие 20 иновации би можеле да бидат нашето секојдневие.
- Вештачката интелигенција ќе стане многу почовечка. Гласовните команди, па дури и зборувањето со нашите компјутери би требало да стане реалност до 2030. Да не спомнуваме дека алгоритмите до тогаш многу подобро ќе препознаваат лица, текстови, а можеби ќе можат да го поминат Туринговиот тест.
- Сите ќе користиме виртуелни очила во Метаверзумот. Тоа ќе стане „новото нормално“. Во метаверзумот резолуцијата ќе биде четири пати појака од сегашните 4К телевизори, односно ќе гледаме во 8К. Нема веќе груби пиксели!
- Ќе ги поврземе виртуелните очила со нашиот мозок. Со други зборови, ќе можеме да извршуваме дејствија во виртуелната реалност само ако помислиме на нив. Ваквите мозочни скенери би требало да бидат достапни во 2030 година.
- Ќе можеме да го купиме нашиот прв квантен компјутер. Во следните осум години „Гугл“ или „ИБМ“ ќе го произведат квантниот компјутер со 1 милион кју-битови. Ќе биде многу, многу помоќен од сегашните. Можеби и ќе може точно да го предвиди времето.
- Да, ќе почнеме да принтаме човечки органи. Се смета дека за почеток ќе бидат принтани поедноставни органи за трансплантација, макар и мали крвни садови. Но, ова ќе ја промени медицината и нашите можности за преживување.
- Со мозочни импланти ќе можеме да си ги повратиме изгубените сеќавања. Да, само прашање е дали оваа технологија ќе биде веднаш достапна за јавноста. Но, сигурно ќе биде достигната.
- Илон Маск ќе слета на Марс. Всушност, тој вели дека со „Спејс Икс“ тоа ќе го направи уште во 2025 година. Веројатно на Марс ќе има остатоци од 3Д-принтерите и некои алатки кои Маск ќе ги остави таму за да ја изгради идната колонија.
- Квантниот интернет ќе биде измислен, а интересното е што во таквиот интернет никој нема да може да биде хакнат од никого. Секако, брзината ќе биде енормно поголема од сегашната. До 2030 година, првиот сигнал на квантумнетот ќе биде испратен во етерот.
- Ќе ја скенираме нашата ДНК за полесно да се лечиме или да препознаваме идни болести. За осум години скенирањето на нашата ДНК ќе стане толку евтино што една осмина од луѓето во светот ќе го направат тоа. Нивните информации ќе се бројат не во терабајти, туку во егзабајти и ќе бидат потешки од сегашната датабаза на видеа на Јутјуб.
- Ќе го имаме првиот целосен модел на човечкиот мозок. Овој модел ќе биде виртуелен, но ќе биде екстремно точен. Научниците ќе го искористат за да ги разрешат мистериите на тоа како свеста и нашите мисли се пренесуваат низ многуте синапси и нервни завршетоци.
- Нема веќе 5Г, ќе користиме 6Г кое е до 100 пати побрзо и антени за него бидуваат тестирани во моментов. Тоа значи дека ќе можеме да симнеме 1 терабајт филмови од Нетфликс, што е околу 142 часови или 6 дена гледање на серии.
- Ќе се поврземе со „паметни мрежи“. За осум години ќе биде возможно неискористената или вишок електрична енергија да ја вратите назад во каблите за таа да не биде неповратно изгубена. Ова значи дека ќе можеме ем да штедиме повеќе, ем да користиме подобро.
- Мобилните со двоен екран ќе станат секојдневие. Всушност, трендот ќе биде сите наши електронски уреди да можат да се виткаат и диплат, а притоа да се што потенки.
- Ќе 3Д-принтаме наша облека и тоа полека ќе ги остава без работа дуќаните. До 2030 година, 3Д-принтањето би требало да биде 30 пати побрзо и многу поевтино. Можеби ќе се вратат народните носии и везови?
- Ќе користиме хард-дискови од 50, па и од 100 терабајти. Не само што ќе добиеме повеќе простор за нашите фајлови, туку и ова е единствениот начин да сејвуваме видеа направени во Метаверзумот кој ќе бара многу ресурси.
- Хиперсоничните ракети ќе ги имаат многу армии низ светот. Додека сега тие ги користат само САД, Русија и Кина, би требало да бидат достапни и за другите држави. Хиперсоничните ракети можат да ја менуваат насоката, а патуваат и до 7 маха побрзо од звукот.
- Вештачки ќе го „вадиме“ јаглерод-диоксидот од воздухот. Во постапка наречена карбонско секвенционирање големи вентилатори ќе бидат поставувани по градовите да го впиваат овој гас. Дури можеби ќе го имаме првото вештачко дрво.
- Ќе градиме мали нуклеарни централи, наместо големи. Ова ќе биде особено привлечно за малите земји во развој кои немаат толку пари ниту логистика да градат големи комплекси. Од друга страна, ќе добијат безбедна, евтина енергија дури чекаат да се подобрат сончевите колектори.
- Ќе почне првото враќање во живот на стари, изумрени животни. До 2030 година би можеле да ги „воскреснеме“ мамутот, птицата Додо или тигарот со сабјести заби. Барем овие животни се најпопуларните на списокот.
- Ќе добиеме мапа на дното на сите мориња и океани во светот. Веќе се работи на ваков проект. Меѓу другото скенирањето ќе ни ги покаже сите потонати подморници, авиони, бродови како Титаник, а ќе ни открие и што има под Бермудскиот триаголник.