20 НАШИ СОГРАЃАНИ ПОЧИНАА ОД КОВИД Регистрирани се 1.424 новозаболени

Најмногу заболени има во Скопје, вкупно 790, следува Битола со 92 и Куманово со 57. Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции. Регистрирани сe 1.083 оздравени пациенти.

1,446

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424 нови случаи на ковид-19.

Најмногу заболени има во Скопје, вкупно 790, следува Битола со 92 и Куманово со 57. Од вкупниот број на позитивни (1.424), регистрирани се 214 реинфекции. Регистрирани сe 1.083 оздравени пациенти.






Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица:  6 починати лица од Скопје (69г, 72г, 77г, 82г, 89г и 90г), по 2 починати од Велес (43г и 69г), Струмица (65г и 66г) и Прилеп (58г и 80г) и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63г до 80г. Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, три лица се целосно вакцинирани.

Поврзани содржини