20 МИНУТИ БИЛЕ ДОВОЛНИ ЗА ДА СЕ ПРЕДИЗВИКА НЕСРЕЌАТА Притвор доби шефот на железничката станица во Лариса, се соочува со најмалку 10 години затвор

Други луѓе требаа да бидат со мене, се расправал шефот на станицата, пренесен од Катимерини. Неговиот адвокат изјавил дека клиентот се чувствува уништено.

1,057

„Околу 20 проклети минути тој беше одговорен за безбедноста (на железничкиот сообраќај) на цела централна Грција“.

Вака изјавил адвокатот на шефот на железничката станица во Лариса на кого му беше одреден притвор по седумчасовно распитување. Неговиот идентитет грчките власти не го откриваат јавно. Тој се соочува со казна од 10 години до доживотен затвор, пишува Катимерини. Претходно, грчките медиуми објавија дека тој погрешно го пренасочил приградскиот воз во Лариса по што следела несреќата.






Шефот на железничката се правда со тоа што во тие 20 минути бил оставен сам да одлучува за сè.

– Други луѓе требаа да бидат со мене – се расправал шефот на станицата, пренесен од Катимерини.

Адвокатот Стефанос Панцарцидис минатата недела изјави дека неговиот клиент се чувствува уништено и дека ја презел одговорноста за несреќата во оној дел во кој тој смета дека е одговорен, но, додаде дека и други фактори биле присутни, без да наведе детали.

Грчките граѓани станаа на нога по трагичната несреќа која однесе 57 човечки животи кога патнички воз од Атина за Солун се судри со товарен воз кој возел во спротивната насока. Некои од демонстрантите се судрија и со полицијата.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој рече дека несреќата е последица на човечка грешка, призна дека децениското запоставување можело да допринесе за катастрофата, оценета како една од најтешките во живата меморија на Грција.

Мицотакис побара од Врховниот судски обвинител Исидорос Догиакос да им даде приоритет на случаите во врска со трагедијата во Темпи на највисоко можно истражно ниво.

„Се чини дека зад неоправданите одложувања на проектот за сигнализација на железницата во земјата стојат плетка од деловни интереси и конфликти и низа контроверзни владини одлуки“, пишува Катимерини.

Освен сигнализацијата се смета дкеа грчката железница има и неколку други проблеми.
„Од 2008 година започнаа (сериозните) проблеми: од една страна саботажа (кражба на кабли, вандализам на машински кабинети и сл.) и од друга страна (и) застареност на железницата, бидејќи Грција влезе во економската криза“, се вели во анализа од весникот. 
„Проектот кој започна како технички едноставна поправка на постоечки систем и требаше да заврши во 2016 година , на крајот се „влече“ цели девет години, при што претпријатието ЕРГОСЕ не само што не се сврти против конзорциумот што го презеде, туку одлучи за 2021 година преку дополнителен договор повторно да плати за истиот артикал, упатувајќи и да замени дел од опремата што веќе ја имале вградено“.
Поврзани содржини