20 МАЛОЛETНИЦИ ЗАТЕКНАТИ ВО ЛОКАЛИ ВО БИТОЛА ВО ЕДНА НОЌ Полицијата ќе поднесе соодветни пријави
Во клуб лоциран на улицата Климент Охридски, затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект на булеварот 1 Мај биле затекнати уште четири деца, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Акциска контрола во повеќе угостителски објекти и објекти за забава во Битола направила полицијата од СВР Битола ноќеска половина час по полноќ, при што биле затекнати 20 малолетници.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, планираните активности ги опфатиле објектите кои се „детектирани како места каде што доаѓаат малолетни лица“.
„Притоа, во клуб лоциран на улицата Климент Охридски, затекнати биле 16 деца, а во угостителски објект на булеварот 1 Мај биле затекнати уште четири деца. Сите тие се предадени на родителите, а по документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави“, информира МВР.