20 компании однапред го платиле Данокот на доход
Директорката на УЈП, сања Лукаревска, не ги соопшти имињата.
Изминатиот период 20 компании во земјава однапред го платиле износот на данокот на добивка за 2020 година, со што ѝ помогнале на државата полесно да се справува со коронакризата..
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес -конференција се повика на тајноста на податоците и не ги соопшти имињата на компаниите кои се одѕвале на повикот за плажќање на данокот на добивка однапред.
Таа им се заблагодари на компаниите и ги повика и другите да го следат нивниот пример.