📽 20-ГОДИШНИК ПУКАЛ КОН ТРАМП? Се шират снимки, куршумот го раскрвавил увото на поранешниот американски претседател

Трамп го започнал говорот во градот Батлер во западна Пенсилванија, кога биле испукани неколку истрели, предизвикувајќи врисоци од толпата. Трамп (78) беше виден како го допира десното уво пред брзо да се спушти на подиумот. Тој потоа изјави дека се работи за горниот дел на увото.

2,245

Опкружен со своите обезбедувачи, поранешниот американски претседател Доналд Трамп слета во Њу Џерси, покажува снимка која ја објави Ем-Ес-Ен-Би-Си. Тоа е прва снимка по обидот за атентат врз него. Трамп е добро.

Во меѓувреме, ФБИ идентификуваше 20-годишен маж од Пенсилванија како осомничен кој пукаше на предизборниот митинг на Трамп, пишува Би-Би-Си. Според Еј-Би-Си Њуз тоа е Томас Метју Крукс. Си-Ен-Ен и Ројтерс не можеа веднаш да го потврдат извештајот.

 






Во пукотницата во саботата, две лица загинаа, меѓу кои и осомничениот за пукањето, додека двајца гледачи од толпата се ранети, соопштија органите на редот, јави Радио Слободна Европа.

Трамп го започнал говорот во градот Батлер во западна Пенсилванија, кога биле испукани неколку истрели, предизвикувајќи врисоци од толпата. Трамп (78) беше виден како го допира десното уво пред брзо да се спушти на подиумот.

Припадниците на Тајната служба, кои се задолжени за заштита на поранешниот лидер, потоа се упатиле на сцената и го опколиле Трамп. Кога Трамп станал, по што бил изведен од бината, на неговото десно уво и образ била видлива крв, пренесува Радио Слободна Европа.

Тој во придружба на агенти на Тајната служба влегол во автомобил на чекање и се оддалечил од местото на инцидентот. Додека го изведоа од бината, 78-годишниот поранешен претседател се сврте кон толпата, ја крена тупаницата во воздух и се чинеше како да викна „борете се, борете се, борете се!“

 

„Неверојатно е дека таков чин може да се случи во нашата земја“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social по инцидентот.

Трамп изрази благодарност до сите агенции за спроведување на законот кои реагираа, го заштитија поранешниот претседател и работеа на ставање на ситуацијата под контрола, пренесува Си-Ен-Ен. Трамп беше повреден во пукање во саботата вечерта за време на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.

 

 

Поврзани содржини