20-ГОДИШНИК ПОЧИНА ОД СТРУЕН УДАР Младо момче донесено мртво во прилепската болница

Млад човек од крушевско го загуби животот откако бил погоден од струен удар и бил донесен без знаци на живот во прилепската болница.

0

Дваесетгодишно момче од селото Саждево почина откако било погодено од струен удар, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во четвртокот попладне, а младиот А.И. бил пренесен во Општа болница Прилеп без знаци на живот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.






Од СВР Битола информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Прилеп, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини