20-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ Образование што ги поврзува студентите со светот

Во текот на изминатите две децении, УАКС се етаблира како водечка приватна високообразовна институција, препознатлива по моделот на образование кој успешно ги обединува вредностите и практиките на американските и европските академски традиции.

38

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), годинава одбележува значаен јубилеј – 20 години постоење. По повод јубилејот, Универзитетот најави богата програма на активности, свечени настани и нови меѓународни соработки кои ќе го продолжат развојниот пат и ќе ја зацврстат позицијата на УАКС како универзитет посветен на квалитетно образование кој гради знаење со глобална перспектива.

Во текот на изминатите две децении, УАКС се етаблира како водечка приватна високообразовна институција, препознатлива по моделот на образование кој успешно ги обединува вредностите и практиките на американските и европските академски традиции. Со портфолио од 17 додипломски и 33 постдипломски студиски програми, како и три програми со двојна диплома, УАКС демонстрира континуирана посветеност на академскиот развој, иновативноста и достапноста на квалитетно образование. Токму таа посветеност го направи УАКС единствениот приватен универзитет во земјата со акредитирани докторски програми – доказ за зрелоста и институционалната стабилност што ја има стекнато во годините зад себе.






Според официјалните податоци, резултатите што УАКС ги има постигнато се импресивни и во бројки: повеќе од 8.450 студенти како и алумни заедницата од над 4.200 професионалци кои активно придонесуваат во различни сектори во земјата и надвор од неа. Универзитетот ангажира над 250 академски и административен кадри, вклучително и 33 странски професори, кои придонесуваат кон интернационалниот карактер на наставата.

Со остварени 158 меѓународни партнерства и 70 Еразмус+ соработки, УАКС го гради својот глобален идентитет уште од првиот ден. Паралелно со наставата, академскиот успех на УАКС се потврдува и преку научниот придонес: повеќе од 1.300 објавени истражувачки трудови и над 60 книги ја потврдуваат активната научна работа на Универзитетот.

Фото: Универзитет Американ Колеџ Скопје

 

Она што особено го издвојува УАКС е фокусот на практичната примена на стекнатото образование. Преку Деловниот совет на УАКС, кој обединува над 250 етаблирани компании, повеќе од 5.000 студенти добиле можност за практична работа, стекнување искуство и директна подготовка за пазарот на трудот. Стапката на вработеност веднаш по дипломирањето, која достигнува 85%, е најдобрата потврда за ефективноста на ваквиот модел и довербата што пазарот на трудот ја има во квалитетот на студентите на УАКС.

Во годината на овој голем јубилеј, Универзитетот не е фокусиран само на достигнувањата во минатото, туку смело гледа кон иднината. Во наредниот период, како дел од јубилејната програма, УАКС ќе објави низа нови меѓународни партнерства и образовни иницијативи кои ќе обезбедат дополнителни академски и професионални можности за студентите. Со тоа, Универзитетот го шири своето глобално влијание, вложувајќи во иднината на образованието и одржувајќи го својот кредибилитет како иновативен и современ образовен центар.

Дополнителна потврда за влијанието и угледот на УАКС на национално и меѓународно ниво пристигна и денес, кога проректорката за настава, проф. д-р Венера Крлиу, беше модератор на панелот посветен на иднината на образованието на престижниот Macedonia2025 Summit. Настанот собра релевантни претставници од институциите, академската заедница и приватниот сектор, а за време на панелот, Министерката за образование, Јаневска, посочи дека УАКС претставува позитивен пример за тоа како треба да изгледа квалитетно високо образование во Македонија.

Како што велат од Универзитетот, „оваа 20-годишнина не е само бројка, туку доказ за визија што трае, за тим кој верува, и за заедница која расте – заедно.“

Фото: Универзитет Американ Колеџ Скопје
Поврзани содржини