Fashion Group носи уште една нова и исклучително возбудлива есен со која ги најавува ултра стилските колекции на омилените брендови, сега со посуштинска приказна од кога и да е!
Веројатно и не постои поголема гордост во која било работа кога до вашето име ќе се надоврзе зборот јубилеј, а кога бројката е заокружена на 20. Тогаш знаете дека изминатите години сте правеле нешто навистина добро.
За новата есенска кампања
Оваа есен, Fashion Group прославува 20 години од почетоците на омилената стилска приказна на многумина.
– Приказна која немаше да биде онаква каква што е денес доколку не постоеја лојалните клиенти со кои беше и повеќе од чест да се гради таа приказна. Сосема во нивна чест, направивме кампања целосно инспирирана од уметноста која секогаш е толку тесно поврзана со она што Fashion Group го прави изминатите 20 години, а со која најавуваме уште една инспиративна и убава сезона, во која предност им даваме на малите нешта. Во новата есен, заедно да научиме да сме повеќе присутни во секој момент од животот, да му дадеме значење на секој детал и вистински да ги сакаме работите што ги правиме. Да научиме да уживаме и во неочекуваните работи, повеќе да ја цениме уметноста, да се обидеме на единствено позитивен начин да го живееме секој миг – велат од компанијата.
За 20 години Fashion Group
– Враќајќи се наназад, сиве 20 години изминаа исклучително брзо, а повеќе од драго ни е што во текот на истите запознавме неверојатни луѓе со уште поинспиративни приказни, во чии животи ни беше чест да влеземе барем за миг. Повеќе од горди сме што успеавме дополнително да го „украсиме“ секој важен момент во животот на сите наши клиенти, да бидеме тука секогаш кога ќе размислуваат за фините детали, а уште повеќе за нивните сјајни авантури. Зборот „заедно“ секогаш звучи толку добро, а ние сме повеќе од среќни што можеме да кажеме дека изминатите години го изговоривме безброј пати. Од срце им благодариме на сите наши пријатели на кои секогаш им посочуваме дека она што е исклучително важно во животот е да имаш избор и им благодариме што толку често не избраа токму нас, а секогаш беа толку свои – додаваат од компанијата.
Оттаму порачуваат дека во новата сезона и сите години што следат продолжуваат да ја слават модата и сето она што доаѓа со неа. Ветуваат многу новитети и уметнички колекции за кои знаат дека ќе најдат место во вашиот свет!