📷 20 АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА МЕТА, 3.000 РАКЕТИ НА РАСПОЛАГАЊЕ Како ќе одговори Иран на нападот од САД?
Најголемата американска база на Блискиот Исток, сместена веднаш до Персискиот Залив, на околу 300 километри од Иран. Тоа е базата Ал Удеид во Катар. Неодамнешните сателитски снимки укажуваат на масовно повлекување на авионите, стравувајќи од ирански напад.
САД имаат најмалку 19 воени бази на Блискиот Исток кои сега можат да станат мета на Иран, анализира Еуроњуз. Иран поседува повеќе од 3.000 балистички ракети со краток до среден дострел од 3.000 километри. Ако се користат хиперсонични ракети, времето на удар е неколу минути, бидејќи некои од базите се на неколку стотини километри од Иран.
Од друга страна, американските бази се опремени со софистицирани антиракетни системи како „Патриот“ и „ТХААД“ или „Егис“, но имаат ограничен број на ракети за одбрана.
Откако САД рано изутрина на 22 јуни бомбардираа 3 нуклеарни постројки во Иран се зголемуваат стравувањата за одмазда на Техеран. На удар се 50.000 американски војници расфрлани низ регионот. Една од опциите за Иран е и напад врз Центарот за нуклеарни истражувања „Шимон Перес Негев“ во израелскиот град Димона.
Катарската телевизија и медиум „Ал Џезира“ го објави ова како можност кратко пред нападот на САД, цитирајќи висок ирански функционер.
Between 40,000 and 50,000 American troops are stationed across the Middle East, in bases located in Iraq, Syria, Kuwait, Jordan, Bahrain, Oman, Cyprus, Saudi Arabia, the UAE, Turkey, and Qatar.
Iran had already warned that it would retaliate against US bases if Trump struck its… pic.twitter.com/znlmKnNbkV
— AF Post (@AFpost) June 22, 2025
Клучната база во Катар е на само 300 километри од Иран
Најголемата американска база на Блискиот Исток, сместена веднаш до Персискиот Залив, на околу 300 километри од Иран. Тоа е базата Ал Удеид во Катар. Неодамнешните сателитски снимки укажуваат на масовно повлекување на авионите, стравувајќи од ирански напад.
Таа е во дострел на ракети како што се Киам-1 и Фатех-313.
Базата во Бахреин беше на удар во 2020 година
База на Петтата флота во Бахреин: Со околу 9.000 војници, оваа база е исклучително ранлива поради близината до иранскиот брег (околу 200 километри). Сместена на околу 500 км од Иран, оваа база веќе беше цел на ирански напад во 2020 година по атентатот врз командантот на иранската Револуционерна гарда, Касем Сулејмани.
Овие бази, на околу 200 километри оддалеченост, можат да бидат погодени од ракети со среден дострел како што е „Резван“, со ризик од преоптоварување на системите за воздушна одбрана. Иран, исто така, поседува беспилотни летала како што е „Шахед“ и брзи торпедни чамци, кои би можеле да се користат за напад врз американски воени бродови во Заливот.
Trump has put the lives of tens of thousands of American soldiers at risk. All for Israel.
Map of US military bases in the Middle East.
Saudi Arabia: 3000
UAE: 5,000
Bahrain: 7,000
Qatar: 13,000
Kuwait: 13,000
Iraq: 6,000 pic.twitter.com/Y4qdqcwutw— S.L. Kanthan (@Kanthan2030) June 22, 2025
Затворање на заливот, напад на базите, помош од Хутите…
Клучен чекор на иранската одмазда може да биде затворање на Ормускиот Залив низ кој поминува четвртина од светската нафта. Тоа истовремено ќе го доведе во прашање снабдувањето со енергија на азиските земји. Низ протокот патува нафтата од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Иран, Ирак и Кувајт.
Ова, според експертите, би довело до нагло зголемување на цените на нафтата, веројатно на повеќе од 100 долари за барел.
Друга опција е Иран да чека погоден момент кога американските бази се во пониска состојба на готовност.
Дали Иран може да им се одмазди на арапските земји? Во септември 2019 година, јеменски Хути, сојузници на Иран, уништија повеќе од 5% од светските залихи на нафта напаѓајќи нафтени објекти во Саудиска Арабија. Тогаш цената се зголеми за цели 20%.
Сепак, според достапните податоци, шансата е мала, бидејќи авионите на САД стационирани таму не полетале од своите бази.
Не се знае што сè поседува Иран
Утрово, според иранските медиуми, за прв пат ја испали и ракетата Хајбар кон Израел, со дострел од 2.000 км и боева глава тешка 1.500 кг. Врз основа на снимките од уништувањето во Тел Авив и Хаифа, најновиот бараж од ракети предизвикал голема штета на објектите.
Иранските медиуми соопштија дека целите биле аеродромот Бен Гурион и неименувана биолошка лабораторија, како и некои командни центри. Не е познато колку повеќе ракети и лансери има Иран, откако Израел интензивно ги таргетира лансерите од првиот напад на 13 јуни.