2-ГОДИШНАТА ДАНКА НЕ МОЖЕЛА ДА ИЗЛЕЗЕ САМА ОД ДВОРОТ Нова шокантна информација во потрагата по исчезнатото девојче во Бор
Експерти за безбедност посочуваат на нелогичност во однесувањето на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, со која Данка била во моментот на нејзиното исчезнување.
Нема шанси малата Данка Илиќ сама да излегла од дворот и да исчезнала, истакнуваат експертите за безбедност, пренесува Пинк.рс
Како што наведуваат, има нелогично и во однесувањето на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, со која Данка била во моментот на нејзиното исчезнување.
– Факт е дека дете помало од две години, во физичка смисла, не може да се движи далеку во рок од неколку минути. Друга нелогичност е што мајката го однела детето на место каде што одамна не била – изјави Радиша Рокшиќ, пензиониран шеф на БИА.
И директорот на српскиот Центар за форензички истражувања, Ненад Шипка тврди дека Данка не можела сама да го напушти дворот.
– Од форензичка гледна точка, прво од што треба да се тргне е изјавата на мајката и конфигурацијата на теренот. Овде не може да стане збор дека детето само го напуштило тој двор. Сигурен сум дека полицијата работи во повеќе насоки и тоа е единствениот правилен метод. И сега останувам на ставот дека е невозможно 2-годишно дете да исчезне од пред очите на мајката додека таа оди до автомобилот да земе вода за другото дете – посочи Шипка.
Малата Данка исчезна во вторникот на 26 март околу 13 часот и 45 минути. Паралелно со потрагата, во Србија за прв пат беше активиран и системот „Пронајди ме“, српската верзија на Amber Alert.
Потрагата по девојчето влезе во седмиот ден, полицијата ги ангажираше сите расположливи капацитети и нема да запре со истрагата додека не се открие целосната вистина за овој случај.
Србин од Виена во меѓувреме испратил до полицијата и до редакцијата на Информер видео кое е снимено во центарот на Виена, а на кое може да се види девојче која неодоливо потсетува на мала Данка, во придружба на две Романки.