2.716.000 починати од ковид-19 во светот од почетокот на пандемијата
САД се земја која е најпогодена од пандемијата, со најмногу заразени 29.819.000 и смртни случаи од над 542.000.
Повеќе од 123 милиони случаи на коронавирус се пријавени ширум светот од почетокот на пандемијата, при што над 2,7 милиони од заразените починале.
Регистрираниот број на случаи на заразени со коронавирус во светот е само дел од реалниот број заразени, јавија западни медиуми.
Некои земји тестираат само луѓе во сериозна состојба, а голем број сиромашни земји не се во можност да направат доволно тестови. Сепак, со зголемувањето на достапните тестови и подобрувањето на методите за следење контакти, бројот на пријавени случаи генерално се зголеми.
Во вчерашниот ден регистрирани беа речиси 407 .000 нови случаи на коронавирус. Починаа 5.630 луѓе.
Неделите често се пониски затоа што е слободен ден во повеќето земји ширум светот и могу официјални институции се затворени.
Најголем број на смртни случаи во последните 24 часа имало во Бразил вкупно 1.290, по што следат САД со 449 и Русија со 361 случаи.
САД се земја која е најпогодена од пандемијата, со најмногу заразени 29.819.000 и смртни случаи од над 542.000. Следат Бразил со повеќе од 294.000 починаа од 11.998.000 заразени, Мексико со над 198.000 починаа од 2,19 милиони заразени, Индија со скоро 160.000 починаа од 11.664.000 заразени и Велика Британија со над 126.000 починаа од 4,29 милиони заразени.
Чешка е на прво место според бројот на смртни случаи на 100.000 жители вкупно 232. Следат Белгија со 196, Словенија со 191, Црна Гора со 191 и Унгарија со 189.
По региони, Европа е најтешко погодена скоро 920.000 од 41.414.000 заразени. Следат Јужна Америка и Карибите со над 743.000 починале од 23.605.000 заразени и Северна Америка (САД и Канада, со повеќе од 565.000 смртни случаи од 30,752 милиони заразени. Најмалку погодениот регион е Океанија со 973 починаа од скоро 35.000 заразени.