2.571 МРТВИ ВО ДЕМОНСТРАЦИИТЕ ВО ИРАН Пресметка на ирански активисти за човекови права

Податоците за жртвите на организацијата ХРАИ се засновани на информации на ирански активисти на теренот, чии податоци за претходните демонстрации во Иран се покажаа точни.

280

Активисти за човекови права во Иран (Human Rights Activists in Iran) со седиште во САД соопшти дека за време на протестите во Иран загинале 2.571 човек.

Од жртвите 2.403 се демонстранти, 147 се поврзани со Владата, а 12 се лица помлади од 18 години, а деветмина се цивили кои не учествувале во протестите.






Бројките не се независно потврдени. Податоците за жртвите на организацијата ХРАИ се засновани на информации на ирански активисти на теренот, чии податоци за претходните демонстрации во Иран се покажаа точни.

Иранската државна телевизија вчера првпат објави дека има голем број загинати луѓе за време на протестите.

Според активистите за човекови права, од почетокот на протестите приведени се 18.100 луѓе.

Поврзани содржини