2.400 ТОНИ ОРИЗОВА АРПА ЌЕ СЕ ЧУВААТ ВО СТОКОВИ РЕЗЕРВИ Собранието ја усвои дополнетата програмата за стокови резерви

Оризот како култура која е од исклучително значење за населението во земјата и погодна за чување како стоковни резерви е опфатен со последните измени и дополнувања на Законот за стоковните резерви

64

Во стоковните резерви ќе се складираат 1.300 тони ориз, односно 2.400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка.

Ова го предвидува Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, која ја донесе собранието вчера.






Програмата е предложена од Министерството за финансии, за за обезбедување на овие количини ориз ќе бидат издвоени 100 милиони денари.

– Оризот како култура која е од исклучително значење за населението во земјата и погодна за чување како стоковни резерви е опфатен со последните измени и дополнувања на Законот за стоковните резерви – велат од Министерството за финансии.

Стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во РС Македонија и се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот.

Стоковните резерви ги сочинуваат: пченица, пченка, јачмен, оризова арпа, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства.

Поврзани содржини