2.000 ЛУЃЕ ВО ИЗРАЕЛ ОСТАНАА БЕЗ ПОКРИВ НАД ГЛАВА Иранските ракетни напади уништија згради и училишта

Во Петах Тиква беа убиени 4 лица при напад врз станбена зграда, а околу 1.300 луѓе од 400 семејства биле евакуирани. Тел Авив претрпе сериозна материјална штета, а околу 300 лица останале без покрив над главата. Во Бнеј Брак, ракета удрила во училиште во станбена зона, при што загинало едно лице, а стотици жители биле принудени да се повлечат.

1,454

Околу 2.000 луѓе во Израел останаа без покрив над главата, барем привремено, по ракетните напади на Иран врз централниот дел од земјата и врз северниот град Хаифа, покажуваат официјалните податоци.






По нападите вчера изутрина, во градот Петах Тиква загинаа 4 лица при напад врз станбена зграда, а околу 1.300 лица од 400 семејства беа принудени да се евакуираат.

Околу 300 луѓе во Тел Авив останаа без домови откако ракетите погодија 2 дела на градот, предизвикувајќи голема материјална штета, објави Тајмс оф Израел.

Стотици жители беа евакуирани и од Бнеј Брак, каде што ракета погоди училиште во станбен кварт, при што беше предизвикана значителна штета, а загина едно лице.

Градските власти во Тел Авив соопштија дека погодените биле сместени во хотели, додека во Хаифа се евакуирани 60 лица поради штети на нивните домови.

Сличен број лица морале да ги напуштат домовите во Рамат Ган, Бат Јам, Тамра, во Реховот и на други места како резултат на иранските напади во саботата и во неделата.

МОЌНИ ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНАА ВО ЕРУСАЛИМ И ВО ТЕЛ АВИВ Иран испука ракети, сирени се огласиле во Израел

Поврзани содржини