19 скопјани ќе платат по две илјади евра, го прекршиле полицискиот час

Сите обвинети како што известија од Обвинителство не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот.

191

Основното јавно обвинителство Скопје денеска со Основниот кривичен суд Скопје поднесе 18 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на, соопштија од ОЈО Скопје.

Сите обвинети како што известија од Обвинителство не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот.






Надлежните јавни обвинители за обвинетите предложија да биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

 

Поврзани содржини