19 ПЛИВАЧИ СЕ ПРИЈАВИЈА НА ОХРИДСКИОТ МАРАТОН Боите на Македонија ќе ги бранат четворица маратонци
Наградниот фонд на маратонот изнесува 12.000 евра, од кои 2.000 за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.
Деветнаесет маратонци од девет држави го најавија учеството на годинешниот 37-ми Охридскиот пливачки маратон што в сабота ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Единаесет пливачи во машка и осум во женска конкуренција ќе ги одмерат силите на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид.
Боите на Македонија оваа година ќе ги бранат четворица маратонци и тоа Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски, како и Росана Гошева.
Наградниот фонд на маратонот изнесува 12.000 евра, од кои 2.000 за најдобрите во двете конкуренции на две контролни бови, односно спринтови.
Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија.
Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид Покрај Охридскиот пливачки маратон, оваа година во водите на Охридското Езеро утре и задутре ќе се одржи и Балканското првенство на отворени води во јуниорска конкуренција на кое учество ќе земат околу двеста млади пливачи од регионот.