19-ГОДИШНИК ОБЉУБИЛ МАЛОЛЕТНИЧКА Ќе добие кривична пријава
Обљубата ја извршувал во повеќе наврати во периодот од октомври до декември минатата година во Скопје, се вели во полициското соопштение.
Поднесена е кривична пријава против деветнаесетгодишен скопјанец, осомничен за обљуба на малолетничка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
„Обљубата ја извршувал во повеќе наврати во периодот од октомври до декември минатата година во Скопје“, се вели во полициското соопштение.
Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава пред надлежното обвинителство.