19 АПРИЛ Е ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА СТРУЈА Еве кој има право да добие 1.000 денари од месечната сметка

Министерството за енергетика ги повикува сите што ги исполнуваат условите да ја искористат можноста додека рокот не истечен.

74

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја.

Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април.






Да потсетиме, право на поддршка имаат  домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до 80.000 денари, според бројот на членови и згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).

Барањето се поднесува со пополнет образец  достапен во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk, придружено со следната документација:

  • Изјава заверена на нотар за точност на доставените документи;
  • Копија од Решение за посебен додаток или надоместок за згрижување;
  • Копија од последна сметка за потрошена електрична енергија;
  • Копија од лична карта на подносителот;
  • Доказ за членовите на домаќинството.

За дополнителни прашања и информации, граѓаните може да се обратат на:

[email protected] и на веб-страницата: www.ea.gov.mk

Министерството ги повикува сите што ги исполнуваат условите да ја искористат можноста додека рокот не истечен.

Поврзани содржини