182 ЖРТВИ ВО ЛИБАН, ХЕЗБОЛАХ НАЈАВИ ОДМАЗДА Милитантната група упати закани кон Израел

Хезболах најави продолжување на нападите врз Израел по израелските воздушни удари во Либан во кои загинаа најмалку 182 лица.

228

Хезболах најави дека ќе продолжи со нападите врз Израел по смртоносните израелски воздушни удари врз Либан.

Групата, која има поддршка од Иран, соопшти дека во текот на ноќта гранатирала населби во северниот дел на Израел како одговор на, како што наведува, „кршењето на примирјето“. Од таму порачаа дека нападите ќе продолжат сè додека не престане, според нив, израелско-американската агресија.






Според либанското Министерство за здравство, во вчерашните израелски напади врз Либан загинале најмалку 182 лица.

И покрај двонеделното примирје договорено меѓу САД и Иран, Израел соопшти дека ќе ги продолжи нападите врз Хезболах. Американските власти, за разлика од Техеран, не го сметаат Либан како дел од договорот за прекин на огнот.

Иран, според информации објавени во медиуми во Техеран, размислува за повлекување од договорот поради продолжените израелски напади врз Хезболах.

Во текот на вчерашниот ден Израел спроведе интензивни воздушни напади врз Либан. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека договореното примирје не се однесува на израелските операции во Либан.

Според израелската војска, цел на нападите биле командни позиции и воена инфраструктура на Хезболах, додека либанските власти известуваат за голем број цивилни жртви.

По почетокот на војната со Иран, Хезболах ги обнови нападите врз Израел, на што Израел одговори со масовни воздушни удари и копнени операции во Либан. Хезболах се смета за еден од најважните сојузници на Иран во регионот.

Поврзани содржини