📽️ 182. ТРИП-ДАПЛ ГО ВНЕСЕ ВО ИСТОРИЈАТА Јокиќ го надмина Робертсон и го крена Денвер

Асот има 22 поени, 17 асистенции и 14 скока. Бројки што не се само статистика, туку изјава. Со ова остварување, Јокиќ го мина легендарниот Оскар Робертсон и се искачи на вечната листа на трипл-дабл учинок. Пред него остана само уште едно име, неговиот поранешен соиграч Расел Вестбрук, со 207 вакви натпревари.

444

Српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ повторно ја помести историјата на НБА, со трипл-дабл што ја крена салата на нозе и ги потсети сите зошто важи за, можеби најкомплетниот кошаркар на планетата. Во триумфот на Денвер Нагетс против Чикаго Булс од 136-120, српскиот ас стигна до својот 182. трипл-дабл во кариерата.






Асот има 22 поени, 17 асистенции и 14 скока. Бројки што не се само статистика, туку изјава. Со ова остварување, Јокиќ го мина легендарниот Оскар Робертсон и се искачи на вечната листа на трипл-дабл учинок. Пред него остана само уште едно име, неговиот поранешен соиграч Расел Вестбрук, со 207 вакви натпревари.

Јокиќ веќе по три четвртини беше двоцифрен во сите три категории. Контролираше темпо, читаше одбрана и делеше асистенции со ладна прецизност. Денвер, на неговите крилја, ја прекина серијата од три порази и испрати јасна порака дека повторно фаќа ритам.

Во стрелачкиот дел, чекор пред Јокиќ беа само Џамал Мареј со 28 поени, 11 асистенции и 3 скока, како и Тим Хардавеј Џуниор со 23 поени.

Поврзани содржини