180 ГОДИНИ ПРЕД СИТЕ! Поради еден кикс во Улцињ, цел регион пука од смеење, еве за што се работи! (ФОТО)
„Во меѓувреме, Улцињ го зезна Блејд Ранер“, се само дел од бројните коментари низ социјалните мрежи.
Што се однесува до празничното украсување, секој град се труди да биде оригинален и да биде забележана неговата идеја, особено во ерата на интернетот. Дали се светлечки топки, разни Дедо Мразовци, е сосема неважно. Секој сака да се фотографира за време на празниците покрај некое убаво новогодишно осветлување.
Но, новогодишното украсување на градот Улцињ започна на необичен начин и предизвика рафали од смеа на социјалните мрежи.
Имено, наместо да ја дочекаат 2022 година, тие изгледа „побрзаа“ цели 180 години и поставија сјајна декорација на која се гледа бројот 2202.
Секако, тоа набрзо го забележаа корисниците на социјалните мрежи и почнаа шегите.
„Добре дојдовте во иднината“,
„Улцињ брза во 23 век“,
„Во меѓувреме, Улцињ го зезна Блејд Ранер“, се само дел од бројните коментари низ социјалните мрежи.
u međuvremenu Ulcinj zajebo Blade Runner-a pic.twitter.com/4z226HUFLR
— Semra Mahmutović (@tzvrchka) December 18, 2021