18 СЕКУНДИ РУСКА ДРАМА НА ЛИТВАНСКОТО НЕБО Алармот ги подигна „Еурофајтерите“ на нозе
Вилнус повикал руски дипломат на разговор, додека командантите на НАТО веднаш ја активирале мисијата за балтичко воздушно набљудување, испраќајќи шпански авиони „Еурофајтер Тајфун“ за итен лет до зоната на упад. Кога пристигнале, руските авиони веќе ги снемало.
Литванија објави дека два руски воени авиони, ловец Су-30 и танкер Ил-78, влегле во нејзиниот воздушен простор од правец на Калининград и останале внатре точно 18 секунди.
Вилнус повикал руски дипломат на разговор, додека командантите на НАТО веднаш ја активирале мисијата за балтичко воздушно набљудување, испраќајќи шпански авиони „Еурофајтер Тајфун“ за итен лет до зоната на упад. Кога пристигнале, руските авиони веќе ги снемало.
Според официјалното соопштение од Министерство за надворешни работи на Литванија, ова е „флагрантно кршење на меѓународното право и на територијалниот интегритет“.
Од друга страна, според Министерството за одбрана на Русија, Су-30 извршувал закажани летови за обука над Калининград, без да отстапи од рутата и без да влезе во туѓ воздушен простор. Од министерството велат дека слични обвинувања веќе дошле и од Естонија и дека секојпат се покажале дека се политички мотивирани.
Министерот за надворешни работи на Литванија ги повика партнерите од ЕУ и НАТО да ја зајакнат воздушната одбрана и потсети дека секоја секунда може да биде разлика меѓу мир и катастрофа.