18 ПОВРЕДЕНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА Хоспитализирани се 152 лица кои настрадале во дискотеката

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба. Од нив тројца се на Детска хирургија, на КАРИЛ – 7, во Градска општа болница – 5 и во Стара Градска „Св. Наум Охридски“  – 3.

867

Министерството за здравство соопшти дека во моментов 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош откако беа повредени во пожарот што избувна ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Министерството соопшти дека пациентите се распределени на неколку клиники и тоа: Детска хирургија – 4, Клиника за пластична хирургија – 11, Клиничка болница Штип – 45, Општа болница Кочани – 30, „Св. Наум Охридски“ – 29, „8 Септември“ – 17, КАРИЛ – 16.






Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба. Од нив тројца се на Детска хирургија, на КАРИЛ – 7, во Градска општа болница – 5 и во Стара Градска „Св. Наум Охридски“  – 3.

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со здравствените институции, внимателно ја следи состојбата и останува во континуирана комуникација со болниците за да се обезбеди навремена и соодветна медицинска нега.

Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа.

„Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените. Изразуваме благодарност до сите опшествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош“, соопшти Министерството.

Телефони за дополнителни информации за состојба на пациентите:

ГОБ „8 Септември“ – 071226764

Клинички центар- 070387115

„Св. Наум Охридски“ –  075203026

Од Министерството додаваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените.

„Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти“, се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини