18 починати, 296 новозаразени и 511 оздравени од ковид-19
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.721, бројката на оздравени пациенти е 59.231, на починати е 2.445, а бројот на активни случаи изнесува 20.045.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-19, Дебар-9, Штип-13, Прилеп-23, Тетово-14, Струга-9, Велес-16, Битола-9, Охрид-15, Кавадарци-12, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир , Хисар-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-9, Неготино-9.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти од: Скопје-231, Куманово-26, Штип-20, Прилеп-35, Тетово-25, Струга-16, Велес-21, Битола-23, Охрид-17, Кавадарци-3, Гостивар-19, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-14, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Виница-4, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3. Починати се 18 лица, двајца пациенти од Скопје (59 и 54), тројца од Штип (49, 82 и 68), еден пациент од Прилеп (81), еден од Тетово (64), еден од Струга (65), еден од Велес (65), еден од Битола (61), еден од Охрид (84), еден од Кавадарци (75), двајца пациенти од Гостивар (73 и 52), еден од Струмица (57), еден од Крива Паланка (75) и двајца пациенти од Кичево (82 и 68). Пациентите се починати во болнички услови“, се вели во соопштението.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.721, бројката на оздравени пациенти е 59.231, на починати е 2.445, а бројот на активни случаи изнесува 20.045.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Неготино 984, активни 332 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
„Направените 1.253 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена-199, Биотек-118, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -14, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -47, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 393.629 тестирања на ковид -19“, соопштуваат од МЗ.