18 ПАТНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ Австриски автобус со туристи паднал во канал

294

Осумнаесет лица се повредени откако австриски туристички автобус денеска се урна и падна во канал на автопат во близина на Хановер, Германија.

– Лицата се со полесни повреди и пренесени во околните болници – изјави портпаролката на полицијата.






Во автобусот се наоѓале вкупно 19 лица на возраст од 24 до 74 години и едно деветгодишно дете.

Кај возачот на автобусот се води истрага за загрозување на сообраќајот и невнимание.

Автобусот кој доаѓал од Австрија бил на пат кон Норвешка.

Причината за несреќата останува нејасна, иако е извесно дека во несреќата не учествувале други возила.

На лице место се ангажирани полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.

Поврзани содржини