18-ГОДИШЕН КИЧЕВЕЦ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ, ПА СЕ ВРАТИЛ ПЕШКИ Жртвата почина, полицијата го уапси возачот

Вчера наутро на булеварот Ослободување во Кичево 18-годишниот возач Ф.Л. го прегази пешакот С.Ш.(82) на пешачки премин, соопшти кичевската полиција.

290

Полицијата го упаси возачот што вчера наутро прегази пешак во Кичево и побегна од местото на настанот, без да му укаже помошна повредениот, кој во текот на денот почина од повредите.

„На 25.8.2025 година во 9.20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 6.55 часот на пешачки премин на булеварот Ослободување, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 7.10 часот се вратил без возилото. Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје, каде што во 21 часот починал“, соопшти полицијата.






Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини