18.000 ДЕНАРИ МИНИМАЛНА ПЛАТА ПО АПРИЛ Бектеши им одговори на синдикатите пред најавената средба во влада
Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор.
Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
– Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава – рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија.
Претходно Сојузот на синдикати информира дека со Владатаза ова прашање ќе има средба на 24 јануари .
Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор.
– ССМ јавно укажува дека отстапки нема да има и доколку прашањата не бидат решени преку социјален дијалог веднаш, ССМ ќе го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк – велат од ССМ.