Владата информира дека на денешната седница ја усвоила Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на ковид 19.
Владата го задолжила Министерството за финансии, во соработка со Народната банка да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман.
Правните и физичките лица можат за извезуваат 70 отсто од брашното, а 30 отсто останува за домашниот пазар, е една од владините одлуки кои беа донесени на денешната седница.