100 ПОЖАРНИКАРИ И 17 ЛИЦА АНГАЖИРАНИ БЕРОВСКО Пожарот сѐ уште ја голта шумата меѓу Митрашинци и Будинарци
Имаме наши екипи за втора смена, кои наскоро ќе нѐ заменат.. Нашето друштво постои речиси една година, и се трудиме секаде да помогнеме во гаснењето на пожарите, рече Столе Димитровски, доброволец во гаснењето на пожарите.
Речиси 50 хектари дабова шума, од кои 60 до 70 отсто се во приватна сопственост од вчера сѐ уште горат во регионот на Берово. На трене се хеликоптер, канадер, десетици пожарникари и доброволци. Засега нема опасност по населените места, но од Национални шуми не ја исклучуваат можноста силниот ветар повторно да ги разгори пламените јазици, јавува Алфа.
Вкупно се ангажирани 110 луѓе и 17 возила. Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ за МИА посочи дека во моментов пожарот го гаснат околу 100 пожарникари од Берово, но и од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица и од други градови, како и специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи, полиција, гранична полиција и вработени во „Македонски шуми“.
Клинчарски вели дека сега битката со огнената стихија се одвива само од земја, бидејќи ЕР-тракторот е повлечен напладне по 12 часот кога имаше драстично покачување на температурите.
– Имаме наши екипи за втора смена, кои наскоро ќе нѐ заменат.. Нашето друштво постои речиси една година, и се трудиме секаде да помогнеме во гаснењето на пожарите – рече Столе Димитровски, доброволец во гаснењето на пожарите.
Од утрината прелетуваше еден полициски хеликоптер, а претпладнето се вклучи еден канадер од Дирекцијата за заштита и спасување. Од ЦУК И ДЗС уверени дека со сѐ што им е на располагање, пожарот до крајот на денот ќе биде ставен под контрола.
Вчера од ЦУК рекоа дека пожарот веројатно бил подметнат.