17 мигранти откриени кај клучката за Радовиш
По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.
Под надвозникот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучката за Радовиш синоќаполицијата откри 17 мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан.
Полицијата соопшти дека во близина од надвозникот, покрај патот за Радовиш, било пронајдено и патничко возило „рено лагуна“, со тетовски регистарски ознаки, за кое пронајдените мигранти изјавиле дека биле истоварени од него.
По наредба на Јавен обвинител мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.