17-ГОДИШНИК СО АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛ КАЈ ТАОР Повредени четири малолетници и едно 21-годишно момче

Автомобил управуван од 17-годишник излетал од патот Ржаничино – Таор, при што се повредени возачот и уште четири лица.

168

Пет лица, меѓу кои и четворица малолетници, се повредени откако автомобил излетал од патот Ржаничино – Таор на подрачјето на Скопје.

Несреќата се случила ноќеска околу 1 часот, кога автомобил „алфа ромео“ со скопски регистарски таблички, управуван од 17-годишник од селото Орешани, излетал надвор од коловозот.






Во возилото имало уште четворица сопатници. Повредени се возачот, двајца 17-годишни сопатници, една 17-годишна сопатничка и 21-годишниот Б.Г.

Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите им укажале медицинска помош.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а се утврдуваат причините поради кои автомобилот излетал од патот.

Поврзани содржини