🎥 17-ГОДИШНИК НАНИЖАЛ СО ЕКСПЛОЗИВИ ЏАМИЈА ВО ЏАКАРТА? Од 7 импровизирани направи, 4 експлодирале, 26 луѓе се тешко повредени

Шефот на полицијата во Џакарта го опиша обвинетиот ученик како „повлечен“ и „недружељубив“.

167

Индонезиската полиција откри рачно изработени експлозивни направи на местото на експлозијата во џамија во Џакарта минатата недела, информира полицијата.

Пронајдени се вкупно седум направи, од кои четири биле активирани. Надлежните органи додадоа дека осомничениот за нападот дејствувал сам и не бил дел од „терористичка мрежа“.






Повеќе од 50 луѓе беа повредени во експлозиите за време на петочните молитви, од кои 26 потешко. Тројца од нив се борат за живот, информираше шефот на полицијата во Џакарта, Асеп Еди Сухери, пред новинарите. Бомбите биле активирани на далечина.

Шефот на полицијата не го кажа името на осомничениот, но го нарече „дете, исправено пред законот“. Минатата недела полицијата објави дека осомничениот е 17-годишен ученик. Во исто време, се спроведува истрага фокусирана на минатото и мотивите на момчето.

Полицијата на местото на настанот пронашла и играчка-пиштол со натписи, кој беше прикажан за време на денешниот брифинг. Шефот на полицијата во Џакарта го опиша обвинетиот ученик како „повлечен“ и „недружељубив“.

Поврзани содржини