17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ГО ВОЗЕЛА ЧЕТИРИЦИКЛОТ КОЈ ПАДНА ВО БЕЗДНА Таа и сопатникот се тешко повредени

Спасувачката акција на двајцата скопјани вчера ја ракодовдеше Центарот за управување со кризи кој информира дека таа завршила со среќен крај.

1,001

Седумнасетгодишна девојка го возела четирициклот кој вчера падна во бездна длабока 20 метри во близина на селото Горно Количани, соопшти полицијата.

Како што соопшти полицијата, вчера во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од место викано Мала Река кон селото Горно Количани, Скопско, четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишна малолетничка од Скопје, излетал од патот и паднал во провалија.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничката и сопатникот С.С. (29) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски и Комплексот клиники „Мајка Тереза. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Спасувачката акција на двајцата скопјани вчера ја ракодовдеше Центарот за управување со кризи кој информира дека таа завршила со среќен крај.

Оттаму рекоа дека двете лица биле извлечени во стабилна состојба, но дека веројатно се здобиле со скршеници.

Поврзани содржини