17-ГОДИШЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ВО ШПАНИЈА ЗАГИНАЛ ОТКАКО ПАДНАЛ НА ТРКА Екипите за итна помош безуспешно се обиделе да го спасат

184

Младинскиот велосипедист Иван Мелендес Лукe загинал откако паднал во пелотонот на трката „Вуелта Хуниор Рибера дел Дуеро“ во Шпанија, објави порталот Про сајклинг.

Шпанецот, кој возел за тимот Тенерифе-Каберти, бил една од жртвите во големиот судир на втората етапа од трката. Состојбата на 17-годишникот била сериозна, иако бил реанимиран, напорите за спасување беа безуспешни.






Втората етапа била откажана откако станало јасно колку е сериозен инцидентот, а нема да се одржи ниту третата етапа закажана за недела.

Поврзани содржини