17 деца се лекуваат од корона на Детската клиника
Утрово до 8 часот имало 50 слободни места во Скопје.
Во болниците во земјава денеска лежат 1.498 пациенти со компликации од коронавирусот и има околу 200 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Битола се хоспитализирани 85 пациенти, во Штип 53, Тетово 35, Велес 70, Куманово 133, Охрид 95, Прилеп 104, Гостивар 44, Струга 14, Струмица 77, Кочани 28, Кичево 32, Кавадарци 73, Гевгелија 26.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 629 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и на хируршките клиники имало 39 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 16 приеми, 9 на Инфективната клиника. Во Козле не биле примени нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 305 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 118 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 17 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК 12 позитивни пациентки.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Утрово до 8 часот имало 50 слободни места во Скопје.